Дома Фудбал Случајот со Винисиус чекор поблиску до конечен епилог: УЕФА добила докази

Случајот со Винисиус чекор поблиску до конечен епилог: УЕФА добила докази

Не стивнуваат реакциите дури ни вториот ден по натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Бенфика во плеј-офот за осминафинале во Лигата на шампионите. Денес, кралскиот клуб соопшти дека ги доставил сите докази до Европската фудбалска организација (УЕФА) во врска со инцидентот, каде главна фигура беше Винисиус Жуниор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите на сајтот на мадридскиот гигант, УЕФА ги примила сите достапни докази за инцидентот, во кој, како што тврдат од шпанскиот клуб, Винисиус бил изложен на расистички навреди.

“Нашиот клуб активно учествува во истрагата што ја води УЕФА поради неприфатливите епизоди на расизам од кои беше погоден нашиот играч Винисиус Жуниор за време на натпреварот. Реал Мадрид ја цени едногласната поддршка што нашиот играч ја доби од целата глобална фудбалска заедница. Реал Мадрид ќе продолжи да соработува со сите институции, со цел да се искоренат расизмот, насилството и омразата од спортот и општеството,” стои во објавата на кралскиот клуб.

Да потсетиме, реванш натпреварот на двете екипи е закажан за шест дена, а до тогаш се очекува да се дознаат конечните детали од случајот, кој присвои широко внимание во однос на сето убаво што се случи на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милметарска трагедија на СП: Иран беше на прагот на успех

Египет и Иран одиграа нерешено 1:1 во третото коло на Светското првенство, со што конечно …