
Фудбалерите на Арсенал направија голем кикс во 31. коло на Премиерлигата одиграјќи само 2:2 на гости кај Вулверхемптон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова беше дуел на првопласираниот против последниот и сите очекуваа лесна победа за Топчиите кои се борат за титула со Манчестер Сити.
Навивачите на Арсенал го насочиjа гневот по киксот против Волвс само кон една личност, а тоа е тренерот на овој тим Микел Артета.
„Нема менталитет за освојување на Премиерлигата за Арсенал”.
„Артета ја врати лигата во раце на Манчестер Сити”.
„Минатата сезона, кога Артета ја промени тактиката на сигурна игра и контрола, беше очигледно дека постои проблем. Сега го прави истото, ја изгуби лигата”.