
Арсенал беше на чекор да ја завери победата, но потоа следеше целосен колапс. Лидерот во Премиер лигата пропушти огромно водство против тим на самото дно на табелата. Со тоа „направија“ нешто што досега не се случило во Ангтлија.
На стадионот „Молињу“, изгледаше дека лидерот во Премиер лигата да оди рутински кон нови три бода.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сè започна идеално за тимот од Северен Лондон. Веќе во петтата минута, Букајо Сака ја затресе мрежата на домашните.
Гостите веднаш ја презедоа контролата над натпреварот и не покажуваа знаци на несигурност.
Во 56. минута Хикпие се погрижи за 2-0.
Во тој момент се мислеше дека прашањето за победникот е решено. Меѓутоа, само пет минути подоцна, домашните почнаа да се разбудуваат.
Со намалување на резултатот се погрижи Уго Буено. Тој гол внесе нервоза во редовите на гостите и комплетно го промени ритамот на играта.
Домашниот тим продолжи со притисокот до самиот крај на натпреварот. Нивната упорност се исплати длабоко во судиското продолжение.
Во четвртата минута за конечен резултат од 2:2 погоди тинејџерот Том Едози.
Ова реми дополнително ја усложни борбата за титулата. Сега Арсенал има само пет бодови предност пред Манчестер Сити кој има и натпревар помалку.
За првпат во историјата на Премиер лигата се случи екипа што е лидер на табелата да испушти водство од два или повеќе голови против тим кој се наоѓа во зоната за испаѓање.
Екипата под водство на Роб Едвардс поголемиот дел од сезоната го мина во опасната зона. Волвс до сега имаат освоено само 10 бодови во 27 одиграни натпревари.