Дома Останати Кошарка Пукна „бомбата“ во НБА лигата: Јанис потврди дека заминува!

Пукна „бомбата“ во НБА лигата: Јанис потврди дека заминува!

Јанис Адетокумбо ја објави веста која најмногу ги загрижува навивачите на Милвоки – Гркот ќе ги напушти Бакси на крајот од сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во интервју за грчките медиуми, Јанис јасно изјави дека “љубовта” меѓу него и клубот, каде што го мина целиот свој досегашен НБА престој, е завршена.

“Да зависи од мене, веднаш би бил во друг тим. Наредното лето кога ќе бидам слободен играч, заминувам,” објасни Јанис.

Со оваа изјава јасно посочи дека сака трансфер идната сезона, а бидејќи договорот му истекува во летото 2027. година, за Бакс е неопходно да го продадат за да не го загубат без надоместок.

Во оваа сезона, Адетокумбо постигнува просечно по 28 поени и има 10 скокови и пет асистенции по натпревар со што потврдува дека игра во одлична форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембанјама исфрлен од натпревар: Збесна, па жестоко удри со лакт во лицето на противникот (Видео)

Кошаркарите на Минесота ги совладаа Сан Антонио Спарс со 114:109 пред своите навивачи и из…