На сите добро ни е познато дека Кристиано Роналдо оваа сезона имаше многу лош старт во лигата и токму поради тоа неговиот Реал заостанува 10 бода зад водечката Барселона, но тоа не се однесува и за Лигата на Шампионите…
Имено, Кристиано Роналдо вечерва би можел да сруши рекорд во Лигата на Шампионите за најмногу постигнати голови во една календарска година. Во изминативе 11 месеци, 32-годишниот постигна 16 гола во најелитното европско натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поргуалецот има уште два натпревари за да го сруши рекордот од 16 гола, што успеа да го направи во 2015. и 2017. година. Роналдо мора да постигне гол или против АПОЕЛ вечерва или пак против Борусија Дортмунд на 6. декември.
Во моментов е најдобар стрелец во Лигата на Шампионите со шест гола, еден повеќе од Хари Кејн.