Дома Фудбал Арбелоа: Прашајте го играчот на Валенсија што му кажа на Винисиус, светот треба да ја знае вистината

Арбелоа: Прашајте го играчот на Валенсија што му кажа на Винисиус, светот треба да ја знае вистината

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, се обрати до медиумите по натпреварот во Лигата на шампионите против Бенфика, што беше обележан со расистички напад насочен кон Винисиус Жуниор поради што натпреварот привремено беше прекинат. Арбелоа истакна дека мора да има нулта толеранција за расизам и ја изрази целосната поддршка за својот играч.

“Прашајте го играчот на Бенфика што му кажа на Вини. Целиот фудбалски свет заслужува одговор на тоа прашање, тоа е сѐ што можам да кажам. Нашата нулта толеранција кон расизмот мора да биде апсолутна и не смееме да дозволиме вакви настани на фудбалскиот терен во 2026 година. Јас му верувам на Вини во сѐ што ми кажа дека му викале. Не мислам дека би измислил вакво нешто и никогаш нема да се сомневам во неговите зборови,” изјави Арбелоа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Само го прашав дали сака да продолжи со играта. Бевме до него и каква и да беше неговата одлука, ние ќе го поддржевме. Мораме секогаш да ги поддржуваме нашите играчи и да останеме тим. Секогаш им кажувам, заедно победуваме, заедно паѓаме. Кога некој има таков став спрема еден од нас, секогаш сме со него. Ние сме обединет тим и секогаш ќе се бориме заедно, како што тоа го правевме и денес.”

На прашањето дали размислувал да го повлече тимот од теренот, тој одговори: “Судијата ми рече дека ништо не слушнал и дека во такви ситуации не може да преземе ништо. Каква и да беше одлуката на Винисиус, очигледно е дека сме со него. Не можеме да толерираме вакви ставови и да дозволиме да се случуваат на фудбалски терени. Што и да одлучеше Вини, ние ќе бевме до него.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Диас: Да отидам во Баерн беше правилната одлука, горд сум да играм со Кејн и Олисе

Колумбискиот репрезентативец Луис Диас призна дека бил импресиониран од квалитетите на нег…