Дома Фудбал Клатенбург на удар: Навивачите му се налутија поради коментарите за Винисиус

Клатенбург на удар: Навивачите му се налутија поради коментарите за Винисиус

Натпреварот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид во Лисабон, кој резултатски заврши во корист на гостите благодарение на голот на Винисиус, остана во сенка на инцидент што ја потресе фудбалската јавност. Покрај сето тоа, во центарот на полемиката се најде и поранешниот судија Марк Клатенбург заради коментарите кои ги даде во телевизискиот пренос.

Винисиус го постигна единствениот гол во првиот натпревар од елиминационата фаза на Лигата на шампионите, по што пријави наводен расистички коментар од страна на противничкиот играч Џанлука Престијани, поради што натпреварот беше прекинат и ситуацијата предизвика турканици на теренот и дополнително ги подигна тензии во трибините. Во таквата атмосфера, Клатенбург, гостувајќи како судиски аналитичар во преносот на Амазон Прайм, објасни дека судијата постапил согласно протоколот за случаи на расистички инциденти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Судијата мора да го следи протоколот кога играч пријавува расистички коментар. Во таква ситуација, тој може само да состави извештај, а потоа УЕФА го превзема случајот’, рече Клатенбург, но токму неговите завршни зборови предизвикаа најмногу реакции бидејќи додаде: ‘Ова не е вина на судијата. Винисиус. постигна прекрасен погодок, но требаше само да се врати на својата половина и да продолжи да игра“, кажа тој.

Дел од гледачите и навивачите ги доживеаја тие зборови како префрлање на одговорноста на Бразилецот, а социјалните мрежи брзо се запалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаф на Гранит Џака: Со погрешно знаме честиташе независност на Косово

Објавата на Гранит Џака, која беше наменета како честитка за Денот на независност на Косов…