Дома Фудбал Осимен: Наполи се однесуваше со мене како со куче, можев да играм во Јувентус

Осимен: Наполи се однесуваше со мене како со куче, можев да играм во Јувентус

Ѕвездата на Галатасарај Виктор Осимен, кој вечерва ќе се соочи со Јувентус, даде долгo интервју за “Газета дело Спорт”, во кое зборуваше за бурното раскинување со Наполи, работата со Лучано Спалети и животот во истанбулскиот гигант.

„Найдов клуб и град кои ги сакам. Можеби тоа беше среќа. Кога ќе пристигнеш во Истанбул, разбираш зошто секој, кој играл тука, се заљубил во тимот и луѓето. Никогаш не сум почувствувал нешто слично. Се обидуваме да растеме на меѓународно ниво. Беа доведени и други играчи од највисок ранг и се стремиме да постигнеме добар резултат во Лигата на шампионите. Во Турција сме утврдена сила, но сега сакаме да оставиме белег и во Европа“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Жал ми е за навивачите, најмногу затоа што никогаш не сум зборувал за тоа што се случи. Некои од нив дојдоа пред мојот дом да бараат објаснувања. Разговаравме и ги замолив да се стават на мое место. Откако Наполи го објави тоа видео на TikTok, нешто конечно се скрши“.

„Секој може да промаши пенал, секој може да биде изложен на потсмев за тоа. Наполи го направи тоа само со мене, и тоа со одредени навестувања. Станав жртва на расистички навреди и донесов одлука: сакав да заминам. Ги избришав сликите со дресот на Наполи од мојот Instagram, а тие ја искористија приликата да ме настројат против навивачите. А само кога ќе помислам, дека мојата ќерка за мене е повеќе неаполитанка отколку Нигеријка…“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал се одмазди на Бенфика во луд натпревар со црвени картони

Реал Мадрид извојува победа како гостин против Бенфика на стадионот “Луж” со м…