Дома Фудбал Лапорта избувна против судењето: Ќе се бориме против сè и сите, но ќе ја освоиме

Лапорта избувна против судењето: Ќе се бориме против сè и сите, но ќе ја освоиме

Кандидатот за претседател Жоан Лапорта даде силен старт на својата предизборна кампања за изборите на 15 март со остро изјавување против судењето, кое го оштети Барселона во последно време, особено на мечот против Жирона на „Монтиливи“ во понеделникот.

Поранешниот претседател, кој исто така е лидер на предизборното движење „Defensem el Barça“ („Да ја заштитиме Барса“), изјави дека постојат „центри на моќ, кои не сакаат да освоиме лига, која ќе биде против сè и сите“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Како во спортски, така и во надворешноспортски план, постојат луѓе кои не сакаат да ја освоиме Ла Лига. Но, јас сум сигурен дека ќе го направиме тоа. Секој голем тим има свои падови, но јасно е дека некои се користат со тоа, за да се обидат да не потопат. Ова ќе биде лига борба против сè и сите, но ние имаме богатство во соблекувалната, уметнички изградено од Деко и водено од Флик. Го познавам духот во тимот, разговарав со нив и тие се мотивирани да ја променат ситуацијата“, увери Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал се одмазди на Бенфика во луд натпревар со црвени картони

Реал Мадрид извојува победа како гостин против Бенфика на стадионот “Луж” со м…