
Бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор соопшти на Реал Мадрид дека сака јасна позиција од клубот за новиот договор до април или ќе бара други опции за продолжување на кариерата.
Разговорите помеѓу Винисиус Жуниор и Реал Мадрид за продолжување на соработката одамна се замрзнати. Двете страни не можат да се договорат околу платата и таа во моментов е причина за сите проблеми.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Бразилецот бара на годишно ниво износ каков што има Килиан Мбапе, односно околу 30 милиони евра, додека кралскиот клуб му нуди околу 20 милиони, што е износот што моментално го заработува. Преговорите застанаа и се повеќе се зборува за заминување на овој извонреден напаѓач.
Шпанскиот весник „Ел Национал“ пренесува информација дека Вини им дал рок до април за да се обидат да најдат решение за продолжување на соработката.
„Винисиус Жуниор го извести Реал Мадрид дека наскоро сака да слушне јасна позиција за новиот договор. Ако не се постигне договор до април, ќе размисли за заминување”, наведува овој весник.