Дома Фудбал Флик бесен на судиите и фудбалерите: Сите видовте што се случи! (Видео)

Флик бесен на судиите и фудбалерите: Сите видовте што се случи! (Видео)

Барселона доживеа пораз од Жирона со 2:1 на гостински терен во 24. коло од Ла Лига. Гостите први поведоа во 59. минута со гол на Пау Кубарси, но Жирона изедначи за само две минути со поготокот на Томас Лемар. Конечниот резултат и триумфот за Жирона го донесе Френ Белтран во 86. минута. По натпреварот, тренерот на Барселона, Ханси Флик, ги критикуваше судиите и своите играчи.

“Сите видовте што се случи при вториот гол на Жирона. Го забележавте ли? Дали имаше фаул или немаше? Имаше, така е! Не е потребно да коментираме повеќе. Не барам изговори, но судиите во овој натпревар беа на наше ниво. Тоа значи, прилично слабо.”, изјави Флик.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Не сме во добра форма, ниту во добро расположение. Пред нас е долг пат и борба за првото место. Не одигравме како што треба и мораме да се подобриме. Позиционирањето ни беше слабо, особено во средината и направивме многу грешки.

Им дадов на тимот два дена одмор и потоа очекувам некои играчи да се вратат. Тие се Педри и Рашфорд, а можеби и Гави. Имаме нова ситуација и сакаме да се вратиме во добра форма,”, заврши тренерот на Барселона.

Овој резултат е голем пропуст за тимот на Ханси Флик, кој не успеа да се врати на првото место во Ла Лига. Сега заостанува два бода зад лидерот Реал, кој минатиот викенд избори победа против Реал Сосиедад.

Табелата обезбедена од Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флорентино Перез го избра тренерот на Реал Мадрид за следната сезона

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, му соопшти на актуелниот тренер Алваро Арб…