Дома Фудбал Сите му се восхитуваат на Клоп за одговорот на понудите кои ги доби

Сите му се восхитуваат на Клоп за одговорот на понудите кои ги доби

Легендарниот германски тренер Јирген Клоп го напушти Ливерпул лето 2024 година после скоро девет години во клубот. Ги врати Црвените на врвот на англиската Премиер лига, а потоа тимот му го предаде на Арне Слот кој веднаш го освои шампионатот.

Неколку месеци подоцна Клоп стана шеф на фудбалот во групацијата Ред Бул. Се грижи за екипите на кои оваа компанија е спонзор ширум светот и одбива било какви приказни за враќање на клупата како тренер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Неговиот агент Марк Косике открива дека 58-годишникот имал повици да се врати во Англија. Го барале Манчестер Јунајтед и Челси, но немаше ни збор за да прифати работа по толкава љубов на Анфилд.

Сè се случуваше пред да ја започне работата со Ред Бул во јануари 2025 година. Косике ги изнесе деталите и вели дека Клоп овие клубови ги известил дека не сака да тренира друг клуб освен Ливерпул.

“Челси и Манчестер Јунајтед го бараа иако Јирген јасно кажа дека нема да тренира друг клуб во Англија. Меѓутоа, повиците не престануваат”, рече Косике и продолжува:

“Тој е исклучително среќен со она што го постигнал. Одлично е чувство да се влезе во историјата како еден од само неколкуте тренери кои воделе само три клуба и никогаш не бил отпуштен.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма во болница: Легендарниот тренер доживеа два срцеви напада

Фудбалскиот свет е потресен од загрижувачките вести од Романија. Легендарниот тренер Мирча…