Дома Фудбал Гвардиола е воодушевен – засилување пристигнува во вистински момент

Гвардиола е воодушевен – засилување пристигнува во вистински момент

Манчестер Сити влезе во клучниот дел од сезоната, а Пеп Гвардиола доби уште едно засилување.

Бразилецот Савињо се враќа на терените по неколкунеделна пауза, а Гвардиола е импресиониран од она што го гледа на тренинзите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Савињо можеше да игра и против Салфорд, но сакавме да го зачуваме за предизвиците што следат. На последниот тренинг беше одличен. Кога ќе стане поконкретен во однос на асистенциите, ќе биде врвен крилен напаѓач и тоа на двете страни”, рече Пеп Гвардиола.

Исто така, во тимот по пократка пауза се враќа и Жереми Доку, што значи дека Пеп во клучниот дел од сезоната ќе ги има на располагање сите негови сили, во офанзивата сега се тука и Семењо, Шерки, Фоден, Савињо, Доку, Мармуш…

Да потсетиме, Сити заостанува четири бода зад Арсенал, со кој се среќаваат и во финалето на Лига купот, додека во Лигата на шампионите го чекаат противникот во осминафиналето, ждрепката е на 27 февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Таткото на Јамал се огласи по контроверзните скандирања, испрати моќна порака!

Фудбалската јавност беше шокирана од случувањата на натпреварот помеѓу Шпанија и Египет, к…