Дома Фудбал Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова лето, додека сѐ повеќе се шушка за интересот на Реал Мадрид. Тимот на Мадрид, под водство на Алваро Арбелоа, е во криза, по испаѓањето од купот од Албасете и заминувањето на Чаби Алонсо, а дуелот со екипата на Мурињо во Лигата на шампионите доаѓа во најлош можен момент за нив.

Во последниот меѓусебен натпревар пред три недели, Бенфика победи со 4:2, во дуел кој беше вистинска тактичка лекција од португалскиот стратег, пишува As. Влијанието на Мурињо на Реал останува силно, не само поради врските со претседателот Флорентино Перес, туку и поради спомените кои ги остави на дел од навивачите.

Клаузула која отвора можности

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во клубот на Реал веќе долго време се зборува дека тренерите немаат целосна контрола над соблекувалната, пишува во текстот. Иако моментално управата на Реал не размислува за промени, клаузулата во договорот на Мурињо со Бенфика го става на пазарот. Португалскиот тренер, кој потпиша на две сезони со Бенфика, има можност да го напушти клубот без финансиска одштета во рок од десет дена по последниот натпревар од сезоната.

Ова му овозможува да премине во кој било клуб без откупна клаузула, што значително го олеснува потенцијалниот трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Валенсија воодушевени од Димитриевски – го споредија и со лилјак! (Видео)

Валенсија со сигурни 2-0 го совлада градскиот ривал Леванте, а во центарот на вниманието п…