
Мохамед Салах по девет години го напушта Ливерпул. Сѐ е подготвено за неговото заминување од клубот, а кариерата Египќанинот ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
Нов тим на 33-годишниот офанзивец ќе биде Ал-Итихад. На масата е огромна понуда што Салах речиси сигурно ќе ја прифати и ќе ја заврши ерата во тимот од Анфилд.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сепак, Редси ќе реагираат на пазарот и подготвуваат терен за доведување уште еден спектакуларен фудбалер. Тоа е офанзивецот на Астон Вила Морган Роџерс.
“Ливерпул одржа преговори со агентите на Морган Роџерс. Вратите не се затворени и фудбалерот е подготвен да слушне сите понуди”, наведуваат англиските медиуми.
23-годишниот Роџерс е од 2024 година во Астон Вила. Експлодираше во овој тим, и покажа дека е една од поголемите грешки на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.
Тој во досегашната кариера настапи 107 пати за Вила. Постигна 27 голови и има 24 асистенции.
Стана и стандарден репрезентативец на Англија, а ќе видиме дали на крајот на сезоната ќе ја прифати понудата од Анфилд. Неговата цена на пазарот е 70 милиони евра.