
Директорот на Јувентус Дамиен Комоли изрази сериозни претензии кон судењето на дербито од 25-тиот круг на италијанското првенство против Интер. Јуве загуби со 2:3, во текот на целото второ полувреме играше со играч помалку поради спорен втор жолт и црвен картон на Пиер Калулу на крајот од првото полувреме.
“Очигледно е дека како клуб овој ден го сметаме за срам. Тоа што се случи е срамота. Ова не треба да се повтори, но се случува постојано. Вечерва беше квинтесенција на сето она што го видовме оваа сезона. За натпревар како овој, пред очите на цел свет, ова е едноставно срамно.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Не, не разговаравме со судијата Ла Пена по натпреварот. Многу е тешко да се прифати таква неправда, многу е тешко. Треба да кажеме нешто. Не разговарав со играчите, само им реков дека се одлични, се бореа многу добро, но не мислам дека можеме да зборуваме за фудбал вечерва. Тренерот е исклучително разочаран и вознемирен. Ова е крајно неприфатливо”, рече Комоли.
Слично мислење изрази и директорот за фудбалска стратегија на Јувентус и поранешен капитен на тимот Џорџо Киелини.
“Невозможно е да се зборува за фудбал кога се случило нешто неприфатливо. Системот ВАР мора да се промени од утре. Неприфатливо е натпревар како овој да нема адекватно судење. Потребни се итни промени. Не можат тие да се одложуваат, како што премногу често се случува во италијанскиот фудбал.