
Еден Азар живее пензионерски денови во Мадрид. Поминаа речиси три години откако ја заврши кариерата.
„Животот тече многу брзо, особено во фудбалот. Вчера имав 19 години, денес веќе имам 35. Мора да уживаш. Не само во фудбалот, туку во сè“, рече Азар во интересното интервју кое го даде за Гардијан.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Не му беше тешко да се прилагоди на животот без фудбал:
„Семејството е тоа што помага во привикнувањето. Мојот живот е многу едноставен – уживам со децата, жена ми и браќата. Кога играш, постојано патуваш, но кога престанеш, тогаш можеш со семејството да уживаш без тој постојан стрес“.
И кога се повлече од фудбалот, остана да живее во Мадрид. Вели, тоа е одлука што ја донесе поради семејството, децата, времето и храната.
„Живеам едноставен живот, јас сум татко на пет деца и повеќе сум таксист отколку фудбалер, и тоа е во ред“, се пошегува Белгијанецот.