Дома Фудбал Жесток судир во тунелот на „Сан Сиро“: Погледнете ја пресметката меѓу Спалети и Киелини со судијата (Видео)

Жесток судир во тунелот на „Сан Сиро“: Погледнете ја пресметката меѓу Спалети и Киелини со судијата (Видео)

Голема напнатост го обележа полувремето на дербито помеѓу Интер и Јувентус (победа на Интер 3:2), а сè кулминираше со жестоки протести и кавги во тунелот на „Сан Сиро“. Раководните лица на Јувентус вербално го нападнаа судијата Федерико Ла Пена поради исклучувањето на Пјер Калулу, а во хаотичните сцени учествуваа тренерот Лучано Спалети, извршниот директор Дамиен Комоли и директорот на фудбалската стратегија Џорџо Киелини.

Гневот на клупата на Јувентус кулминираше откако судијата Ла Пена му покажа на Калулу втор жолт картон поради, како што тврдат во торинскиот клуб, непостоечки прекршок против Бастони. При одењето на екипите кон соблекувалните, тренерот Лучано Спалети остро се конфронтираше со судијата и делегатот на Интер, Рикардо Фери.

Во турканицата се вклучи и Џорџо Киелини, кој мирно, но решително му се обрати на судијата. „Ова не може да се прави. Ова не постои никаде на светот“, викаше гестикулирајќи со рацете, пред и него да го одведат настрана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ дури 14 години немало ваков слаб старт: Дали ова е крај на доминацијата?

Феноменално играше Пари Сен Жермен во финишот од минатата сезона и сосем заслужено стигна …