
Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат различни извори.
Централниот дефанзивец моментално е во дополнителната година од неговиот договор, која беше активирана на крајот на 2024 година. Тој доби нов поттик во својата изведба во последно време, откако доби многу повеќе време на теренот и при отпуштањето на Рубен Аморим, како и по доаѓањето на Мајкл Карик, кај кого започна сите пет натпревари.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
32-годишниот дефанзивец очигледно го подигна нивото на својата игра и тоа ги убедило шефовите на “Олд Трафорд” да се обидат да го убедат.
Од Манчестер Јунајтед ќе му понудат на Мегваер договор веројатно за две години и со значително намалени финансиски услови. Во моментот тој добива 180 илјади фунти неделно, а информациите велат дека новата понуда ќе биде во вредност од 100 до 120 илјади фунти. Според локалните медиуми, играчот е силно мотивиран да остане на “Олд Трафорд” и е склонен да ја прифати понудата. Од клубот веќе ја објавија претстојната разделба со уште еден од искусните фудбалери во тимот – Каземиро, кој ќе ги напушти „црвените ѓаволи“ по завршувањето на сезоната.