Дома Фудбал Падна договор: Хрват ќе го води Тотенхем!

Падна договор: Хрват ќе го води Тотенхем!

Игор Тудор ќе биде новиот тренер на Тотенхем. Сите најдоверливи експерти за трансфери, меѓу кои Фабрицио Романо, Дејвид Орнстејн и Џанлука Ди Марцио, потврдија дека Тудор ја прифатил понудата на Тотенхем да ја преземе улогата на тренер до крајот на сезоната.

Романо извести дека стратегијата на Тотенхем е да го назначат Тудор како привремен тренер до крајот на сезоната, а во летото да го донесат новиот тренер. Меѓу фаворитите за таа позиција се Роберто Де Зерби и Маурисио Почетино.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Аласдер Голд, новинар специјализиран за Тотенхем, ја објасни оваа одлука: „Спарсите се уверени дека до понеделник ќе ангажираат искусен привремен тренер што веднаш ќе донесе влијание, пред да назначат нов тренер во летото. Привремениот тренер ќе има можност да се бори за постојан договор во наредните месеци.“

Да потсетиме, сличен договор Тудор потпиша во март минатата година со Јувентус. Тој тогаш ја постигна главниот цел и го внесе Јуве во Лигата на шампионите, што му донесе продолжување на договорот. Сепак, Тудор не се задржа долго таму бидејќи веќе во октомври доби отказ.

Покрај Јувентус, Тудор има искуство од најсилните европски лиги и од друштвата како Удинезе, Хелас Верона, Марсеј и Лацио. Во неговата тренерска кариера претходно ги водеше Хајдук, ПАОК, Карабукспор и Галатасарај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mинатата година го платија 50 милиони евра, сега го тргнаа од тимот поради Бензема

Поранешниот напаѓач на Ливерпул Дарвин Нуњез (26) беше изоставен од составот на Ал-Хилал з…