Дома Фудбал Рахим Стерлинг најде прв клуб надвор од Англија!?

Рахим Стерлинг најде прв клуб надвор од Англија!?

Рахим Стерлинг важеше за еден од перспективните англиски фудбалери.

Во кариерата, играше за Арсенал, Сити, Ливерпул и Челзи. Сепак, во ниту еден од тимовите не остави подлабок траг. За време на зимскиот трансфер период, постоеше можност за премин во Наполи, бидејќи им беше понуден на италијанскиот тим.

Сега сè е завршено и Стерлинг потпиша договор со Фејенорд до крајот на сезоната.

Минатата сезона Англичанецот постигна само еден гол во 28 натпревари за Сините. Оваа сезона не доби ни шанса. Сите 11 трофеи во кариерата ги освои како играч на Сити. Фејенорд ќе му биде прв тим надвор од Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …