Дома Фудбал Левандовски има пет понуди, ќе ја одлучи својата иднина по претседателските избори во Барса

Левандовски има пет понуди, ќе ја одлучи својата иднина по претседателските избори во Барса

Напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски има пет понуди за својата иднина, тврди „Мундо Депортиво“. Како што е познато, договорот на 37-годишниот Полјак со каталонскиот клуб истекува на 30 јуни, и досега не му е понуден нов договор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Левандовски ќе ги почека изборите за претседател на Барселона, кои ќе се одржат на 15 март, за да види каква понуда ќе добие од новоизбраното раководство на својот актуелен клуб. Очекува се дека тој ќе ја донесе својата конечна одлука во април. Се вели дека неговиот приоритет е да остане на „Камп Ноу“, доколку добие задоволителна понуда.

Според „Мундо Депортиво“, опциите за Левандовски се: Милан, Атлетико Мадрид, Фенербахче, клуб од Саудиска Арабија и Чикаго Фајр, кој веќе му понуди 2-годишен договор на напаѓачот.

Имајќи го предвид фактот дека Левандовски ќе има веќе 38 години кога ќе почне следната сезона, неговиот приоритет нема да бидат финансиските параметри, туку повеќе стабилноста и семејната среќа, додава каталонското издание.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…