
Актуелната сезона во најсилната кошаркарска лига во светот носи и крај на една неверојатна серија на Леброн Џејмс, најдобриот стрелец во историјата на НБА оваа сезона сигурно нема да добие ниту една награда..
Имено, Џејмс го пропушти натпреварот на Лос Анџелес Лејкерс против Сан Антонио Спарс поради артритис на левото стапало, а со тоа повеќе нема право на избор во најдобрите тимовите и други индивидуални награди оваа сезона.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Џејмс ја игра својата 23. сезона во најсилната кошаркарска лига во светот, и во секоја досега освојуваше барем по една награда, а дури 21 пат по ред беше избран во една од трите најдобри сезонски петорки.
Дуелот со Сан Антонио му беше 18-ти пропуштен натпревар во сезоната, со што не може да постигне минималните 65 настапи неопходни за кандидатура за ол-стар тимовите и други индивидуални признанија.
Во сезоната 2023/24, НБА лигата го воведе правилото дека играчот мора да одигра најмалку 65 од вкупните 82 натпревари за да биде во трка за наградите на крајот на сезоната, со цел поттикнување на настапите на најголемите ѕвезди. Џејмс би можел да добие друштво на листата на играчи кои се исклучени од борбата за награди, доколку Никола Јокиќ пропушти уште еден натпревар оваа сезона.
Џејмс, кој има 41 година, оваа сезона на 35 натпревари има просечни статистики од 21,8 поени, 5,7 скокови и 6,9 асистенции.