Дома Фудбал Де Зерби е опција за Ман Сити, Ман Јунајтед и Тотенхем

Де Зерби е опција за Ман Сити, Ман Јунајтед и Тотенхем

Веќе поранешниот тренер на Марсеј Роберто Де Дзерби веројатно нема долго да биде без работа, пишува Бен Џејкобс.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според новинарот, италијанскиот стручњак најверојатно ќе се врати во Премиер лигата, каде што постигна добри резултати со тимот на Брајтон. Џејкобс тврди дека Де Дзерби е опција за гигантите од Манчестер Сити и Јунајтед, особено ако Пеп Гвардиола го напушти “граѓаните” на крајот од сезоната.

Во овој момент, новиот менаџер на “црвените ѓаволи” Мајкл Карик се справува добро, но сепак неговиот договор е само до крајот на сезоната.

Не е исклучено тренерот да го преземе и страдалниот Тотенхем, уште повеќе што токму со него раководството на “спарси” преговарало пред да го назначат веќе поранешниот менаџер на клубот Томас Франк. Данскиот тренер денес беше отпуштен, откако лондонците натрупаа осум натпревари без победа и се најдоа на незавидното 16-то место.

Инаку, француското издание RMC Sport открива детали околу разделбата на Марсеј и Де Дзерби. 46-годишниот италијанец одржал тренинг во вторник, по што разговарал со играчите и раководството, пред да донесе одлука дека не може да ги извршува обврските.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ули Хенес: Барсенало нема пари за Хари Кејн

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, го пофали Хари Кејн. Зошто проблемот со …