Дома Фудбал Поради итност Барселона лета за Мадрид веднаш

Поради итност Барселона лета за Мадрид веднаш

Прогнозата за исклучително лошо време го принуди тимот на Барселона да ги промени своите планови во пресрет на првиот дуел со Атлетико Мадрид од полуфиналето за Купот на кралот.

Тимот требаше да лета за главниот град во четвртокот наутро, но беше решено да го стори тоа уште во средата вечер. Причината е тоа што според прогнозата, во четврток во регионот на Каталонија се очекува ветер со брзина до 100 км/ч.

Локалните власти решија да ги прекинат сите наставни часови (во училишта, гимназии и универзитети), спортските активности и итната медицинска активност. Се препорачува избегнување на патувања и се советува работа од дома. Министерството за труд исто така потсетува дека работниците, кои поради ситуацијата не можат да работат на далечина, имаат право на платен одмор доколку не можат да пристигнат на своето работно место.

Брза реакција имаше и од соседниот ФК Барселона – Еспањол, кои објавија дека го затвораат својот фаншоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …