Дома Фудбал Тешка повреда го вади најдобриот стрелец на Порто од Светското 2026

Тешка повреда го вади најдобриот стрелец на Порто од Светското 2026

Напаѓачот на шпанската национална репрезентација и Порто Саму Омородион нема да може да земе учество на Светското првенство во 2026 година поради тешка повреда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Саму ја доби повредата за време на натпреварот против Спортинг (Лисабон) во понеделник. Најдобриот стрелец на „змејовите” беше принуден да биде заменет на полувремето во мечот од 21-от круг на португалското првенство. Денеска од клубот соопштија дека напаѓачот има скршена предна крсна врска во коленото.

Според информациите на новинарот Фабрицио Романо, сезоната за Саму е завршена, што значи дека тој нема да може да игра за шпанската репрезентација на Светското 2026.

Во тековната сезона во португалскиот шампионат, поранешниот напаѓач на Алавес постигна 13 гола во 20 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси изговори неколку тешки зборови во својата кариера и целиот свет занеме!

Лионел Меси во недела повторно ќе излезе на теренот на стадионот „МетЛајф“ во Ист Ратерфор…