Дома Фудбал Нкунку: Никогаш не сум размислувал да го напуштам Милан

Нкунку: Никогаш не сум размислувал да го напуштам Милан

Напаѓачот на Милан, Кристофер Нкунку, даде опширно интервју за “Газета дело Спорт”, во кое разговараше на различни теми. Разговараше за неговата желба да остане во тимот, и покрај гласините за евентуалното заминување оваа зима, сушата на голови на почетокот од сезоната и подобрувањето на неговата игра во последните натпревари.

“Се обидував да останам спокоен за време на сушата на голови, бидејќи ги знам моите квалитети, како и дека головите ќе дојдат. Беше само прашање на време и услови. Ако играш во напад, мора да постигнуваш голови, затоа што тоа е твојата работа. Сепак, мислам дека му помагав на тимот на други начини, но ако се истакнеш со асистенција или гол, тоа е поочигледно. Најважно е сепак да победуваме и да го правиме тоа што Масимилијано Алегри го бара од нас“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Никогаш не сум размислувал за заминување. Мојот агент воопшто не ми споменал за понуди кон мене, така што за мене тоа беа само гласини. Исто така, тој ме познава добро: никогаш не сум го замолил да ми бара ново место или да разговара со други клубови, затоа што едноставно сакам да бидам подготвен да играм добро тука, во  Милан. Во мојата професија, ако почнеш да слушаш сè, не можеш да се концентрираш на суштината. Еден ден велат дека одиш некаде, а на следниот дека одиш некаде друго, но ти си само човек и не можеш да бидеш секаде… Јас знам каде сакам да бидам и не ми пречи ако луѓето зборуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола: Шест бода разлика се многу, земајќи го предвид настапот на Арсенал

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше пред медиумите пред утрешниот натпре…