Дома Фудбал Тажно: Победа мака мачи да не згасне – нема да игра во Втора лига

Тажно: Победа мака мачи да не згасне – нема да игра во Втора лига

Eден од нашите најпознати фудбалски клубови, прилепска Победа минува низ тежок период во кој се бори да не згасне.

Имено, клубот денеска соопшти дека е принден да се откаже од настапот во Втората лига поради финансиските проблеми.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, во месец август се бараше заедничко решение со Градоначалникот и Општина Прилеп, па поради краткиот временски период за делување, се донесе привремено решение и се постави одговорно лице со цел клубот да продолжи да функционира до изнаоѓањето на долгорочно решение. Советот на општина Прилеп беше изгласана одлука за доделување на еднократна финансиска помош во висина од 1.000.000,00 денари, која не беше исплатена поради распишувањето на локалните избори, истата до денес не е исплатена, што воедно беше и услов за клубот да се натпреварува во сезона 2025/2026 во ВМФЛ.

Во овој момент клубот е со блокирана сметка и во крајно очајна финансиска ситуација, поради што, ја известуваме јавноста дека, сениорската екипа на Ф.К. ПОБЕДА Прилеп не е во можност да го продолжи натпреварувањето во Втората Македонска Фудбалска Лига“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија губи голем талент: Фудбалер на Реал доби покана од Мароко?

Фудбалерот на Реал Мадрид Tијагo Питарч би можел исто така да настапи за репрезентацијата …