
Капитенот на новиот учесник во шпанската елита, Овиедо, Сантјаго Касорла изрази своето незадоволство од одлуката на Ла Лига да го одложи саботниот меч на Рајо Валекано од 23-тото коло на првенството.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Причината беше лошата состојба на теренот на „Вајекас“, но тоа дојде прекасно, што го разочара тимот кој пристигна за натпреварот и неговите фанови.
„Реалноста е дека Ла Лига е светлосни години зад Премиер лигата во секој аспект“, напиша на X Касорла, кој играше во англиската елита помеѓу 2012 и 2018 година како дел од Арсенал.
Тоа не е првпат тој да го критикува шпанското првенство. Само пред десет дена, 41-годишниот средбаш повторно објави во социјалната мрежа програмата за претстојното 24-то коло и напиша како коментар: „Веќе е шега да играме секогаш во 14:00 часот“.