
Бел чад во Ријад. Конфликтот, кој го парализираше Ал-Наср и ја задржа фудбалската јавност во напрегнатост, заврши.
Кристијано Роналдо го заврши својот протест и веќе е реинтегриран во тренинг процесот на тимот, пренесува “А Бола”. И покрај постигнатиот мир, сепак, португалскиот репрезентативец нема да игра оваа среда во натпреварот од азиската Лига на шампиони 2, каде што Саудитците ќе гостуваат на Аркадаг во Туркменистан. Неговото враќање на теренот е планирано за сабота во меч од саудиската професионална лига против Ал-Фатех.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Освен несогласувањата со Јавниот инвестициски фонд (FIP) околу нееднаквото третирање на водечките клубови во земјата, клучен фактор за одлуката на капитенот се покажа и социјалното прашање. Како лидер на соблекувалната, Роналдо ги вклучи во својот протест и исплатата на доцнените плати на бројни вработени и соработници на саудискиот клуб.
Се разбра дека раководството на Ал-Наср попушти пред притисокот на португалската ѕвезда и во последните часови ја уреди целата заостаната исплата кон вработените.
Друга вест, која произлегува од средбите со Кристијано Роналдо, се однесува на Жозе Семедо и Симао Коутиньо. Двајцата португалски раководители во Ал-Наср ги вратија своите овластувања, кои им беа одземени на крајот од декември и кои ги спречија да бидат важни фигури за време на зимскиот трансфер прозорец.