Дома Останати Тенис Aмериканец изведе салто со една нога, Ѓоковиќ не можеше да си поверува – погледнете ја неговата реакција (Видео)

Aмериканец изведе салто со една нога, Ѓоковиќ не можеше да си поверува – погледнете ја неговата реакција (Видео)

Американскиот лизгач Илија Малинин продолжи да ги пробива границите на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, изведувајќи салто на една нога за време на слободниот програм.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Историскиот настап на Малинин ѝ помогна на американската репрезентација да го освои златниот медал, со оценка од 200,03 поени за неговиот настап.

Американскиот тим го заврши натпреварувањето со 69 поени, само еден поен повеќе од Јапонија, со што предноста на Малинин беше клучна за одбраната на златото освоено во Пекинг.

Италија го освои бронзениот медал со 60 поени, по слободниот програм на Матео Рицо, кој настапот го заврши со импресивно втрчување на колената кон неговите соиграчи.

Инаку, Малинин стана првиот лизгач кој успеа да изведе салто на една нога по француската лизгачка Суреја Бонали на Игрите во Нагано во 1998 година.

Бонали тогаш слета на една острица иако потегот беше забранет, а Малинин го воодушеви и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата жена, кои го следеа од публиката.

Да потсетиме, Меѓународната лизгачка унија (ISU) забраната за салто ја укина дури во 2024 година, откако Американецот Тери Кубика прв пат го изведе на Игрите во Инсбрук во 1976 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Утрешниот меч на Ѓорческа на Вимблдон ќе може да се гледа во живо!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре (вторник) ќе го испише најголемото поглавје во с…