Дома Фудбал Реал Мадрид победи, но во соблекувалната целосен хаос: Ѕвездата на „кралевите“ збесна, се појави и снимка (ВИДЕО)

Реал Мадрид победи, но во соблекувалната целосен хаос: Ѕвездата на „кралевите“ збесна, се појави и снимка (ВИДЕО)

Реал Мадрид во неделата вечер славеше на „Месталја“, но сега во центарот на вниманието е незадоволниот капитен Дани Карвахал.

Иако комплетно се опоравил од повредата и веќе некое време тренира со полн интензитет со остатокот од тимот, тренерот Алваро Арбелоа не му дава шанса да игра. Освен тоа, Арбелоа и Карвахал речиси и не комуницираат, пишуваат мадридските медиуми, а тоа го потврдува и снимка која ги загрижи мадридските фанови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По победата над Валенсија, Карвахал на теренот разговараше со новиот кондиционен тренер, повратникот Антонио Пинтус. Иако деталите од разговорот не се познати, Карвахал беше видливо вознемирен затоа што не играше, а наводно беше изненаден кога при водството на Реал со 1:0, шанса пред него доби Трент Александар-Арнолд кој одигра првите минути уште од почетокот на декември. 

„Тоа што го гледам е дека напредува од ден на ден. Нема потреба да објаснувам колку е тој важен за нас. Тој е референтен за сите нас во Реал”, изјави Арбелоа по натпреварот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Камерите на Супер Боул го уловија Луис Хамилтон: Британецот уживаше во друштво на новата девојка (Видео)

Еден кадар од трибините беше доволен да ги разбуди социјалните мрежи. Повеќе не се криеја,…