Дома Фудбал Нико Паз, Ендрик и Рамон – Реаловите две од три на лето и тоа е само почеток

Нико Паз, Ендрик и Рамон – Реаловите две од три на лето и тоа е само почеток

Во Реал зимскиот трансфер период помина доста тивко, но летото би можело и мора да биде многу поинтересно.

Денешниот ”Ас” пишува на таа тема, со најава на првите два ”сигурни” засилувања за летниот трансферен период на Реал, а тоа ќе бидат повратниците Нико Паз и Ендрик, додека, како што веќе пренесовме, Витиња од ПСЖ ќе биде главната мета.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, освен Париз, Мадрид гледа и кон Холандија, каде што им впадна во очи 20-годишниот врзан играч на АЗ Алкмар Кес Смит кој оваа сезона веќе одигра 31 натпревар, постигна три гола и имаше пет асистенции.

Што се однесува до Нико Паз, тука нема дилеми. Дваесет и едно годишниот врзан играч брилира оваа сезона во дресот на Комо под водство на Сеск Фабрегас и Реал ќе ја плати откупната клаузула за овој играч во износ од 9.000.000 евра на лето.

И самиот фудбалер верува дека сега се исполнети сите неопходни услови за неговото враќање во првиот тим на Реал, дека е созреан за овој голем чекор, што треба да стане реалност во текот на летото.

Што се однесува до Ендрик, тој одлично започна во Лион оваа зима, на девет натпревари постигна пет голови и имаше една асистенција и ако продолжи така, може да очекува нова шанса во Реал на лето, кога ќе се врати од позајмица, иако има само 19 години.

Уште еден играч на Комо внимателно го следат во Реал, а тоа е 21-годишниот дефанзивец Хакобо Рамон кој летово замина од младинскиот тим на Реал и со Комо потпиша договор до јуни 2030 година. Но, со него ќе се почека уште.

”Во Реал се повеќе од задоволни од она што стоперот го прави, но, како што се случи со Нико Паз, не е исклучена втора сезона со тимот на Фабрегас за да го заврши својот забрзан пат кон тоа да стане елитен играч”, наведува ”Ас”, а Рамон оваа сезона одигра 22 натпревари и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тер Штеген успешно опериран

Голманот Марк-Андре тер Штеген минал успешна операција на бедрото, соопшти неговиот клуб Ж…