
Младиот француски дефанзивец Жереми Жаке, кој пред неколку дена направи трансфер во англискиот гигант Ливерпул, претрпе тешка повреда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дефанзивецот, кој ќе игра за Рен до крајот на сезоната, падна лошо во второто полувреме при поразот од 1:3 против Ланс во натпревар од Лига 1. Тој го повреди рамото и претстојните медицински истражувања ќе покажат колку точно време ќе остане надвор од игра.
За правата на 20-годишниот Жаке, Ливерпул ќе плати 60 милиони фунти и тој ќе му се придружи на тимот на “Анфилд” летово.
Ливерпул подоцна денес го пречекува Манчестер Сити во натпревар од Премиер Лига, а за тимот од Мерсисајд нема да бидат достапни дефанзивците Џовани Леони, Џо Гомес, Џереми Фримпонг и Конор Брадли, кои исто така се со повреди.