
Ривалството што ја обележа модерната фудбалска ера и дефинираше една ера на Премиер лигата така денес се гледа на дуелите помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити.
Со години овие две екипи водеа жестоки битки, а во центарот на сето тоа беа Пеп Гвардиола и Јирген Клоп, со стилови кои судрија филозофии и ја подигнаа лигата на повисоко ниво.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Шпанскиот стручњак никогаш не криеше колку го цени Ливерпул, а во разговор за Sky Sports уште еднаш истакна дека Црвените беа неговиот најтежок противник во целата кариера.
„Беше исклучително тешко за двете екипи. Сите сезони беа тесни, на толку многу аспекти.
Овие две екипи ја направија Премиер лигата подобро место, во тоа немам никакво сомнение.
Двете беа проактивни и го направија фудбалот интересен за навивачите“, порача Гвардиола.
Особено се осврна на тактичките дуели кои, како што вели, можеа да траат со часови во анализа.
„Можеме два часа да зборуваме за тактиката. Секој има свој стил, но Ливерпул со Мане, Салах, Фирмино и другите, како и Сити со Де Бројне, Компани и другите тоа беа генерациски екипи.
Во класичната, брза игра тие знаеја да не уништат. Не можеше да наметнеш ритам. Тој висок пресинг и структурата беа неверојатни.“
Гвардиола смета дека тие дуели заслужија место меѓу најголемите ривалства на англискиот фудбал.
„Постои вечни ривалства, Ливерпул и Јунајтед, Јунајтед и Сити, Арсенал и Тотенхем. Веднаш зад тоа, ривалството Ливерпул и Сити беше на самиот врв. Тоа беа ’двеконско натпреварување’ за титулата“.
.