Дома Фудбал Погледнете го хет-трикот на Палмер: Дали забележавте што направи после голот? (Видео)

Погледнете го хет-трикот на Палмер: Дали забележавте што направи после голот? (Видео)

Фудбалерите на Челзи и Арсенал забележаа важни победи во саботната Примиер лига. Челзи гостуваше и ги совлада Вулверхемптон со 3:1, благодарение на извонредната форма на Кол Палмер, додека Арсенал на својот „Емирати“ го совлада Сандерленд со 3:0, цврсто задржувајќи го врвот на табелата.

По елиминацијата од Карабао купот, Челзи повторно се врати на патот на победи, а главен играч во оваа победа беше Палмер, кој постигна три гола против Вулверхемптон. Англискиот репрезентативец погоди два пати од пенал и еднаш од отворен простор, сите голови во првите 38 минути од натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Неговата прослава на првиот гол особено привлече внимание, кога со рацете ги покри ушите свртувајќи се кон трибините. Ова многумина го толкуваат како реакција на шпекулациите за неговото незадоволство и можно заминување од клубот. Со оваа победа, Челзи остана во трката за учество во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Гвардиола му работат зад грб, но Шпанецот е мирен: Се подготвува ли фудбалска предавство на деценијата?

Манчестер Сити оваа сезона е во борба за трофеи. Тие сè уште се во игра на четири полиња и…