Дома Фудбал Артета предизвика бура од коментари: Ова е најдобриот тим во светот

Артета предизвика бура од коментари: Ова е најдобриот тим во светот

Арсенал игра одлично оваа сезона. Тие се лидери во Премиер лигата, се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите и тоа без пораз во лигашкиот дел, а се квалификуваа и во финалето на Лига купот. Тие сè уште се активни и во ФА Купот, така што ова е за „Топчиите“ сезона од соништата, барем досега.

Микел Артета е предводник на оваа генерација на Арсенал. Шпанецот одлично го води тимот, резултатите тоа го потврдуваат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Артета се пофали малку пред следниот лигашки натпревар против Сандерленд. Шпанецот смета дека Арсенал во моментов е најдобриот тим на светот.

„Позитивни се реакциите во Европа на нашата игра, мислам дека тоа покажува дека во овој момент сме најдобрата екипа во светот“, изјави Артета.

Потоа направи споредба што нема да му се допадне ниту на навивачите на Арсенал.

Артета смета дека овој Арсенал е најдобриот во историјата.

Секако, Арсенал имал одлични генерации, посебно со Анри, Бергкамп, Пирес…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос на автопат во Виена: Српски навивачи чекале Хрвати – одземени 40 палки!

Полицијата соопшти дека се работи за 50 маскирани хулигани, најверојатно приврзаници на Цр…