
Од моментот кога го презеде тимот во околности кои не беа лесни, Арбеола многу брзо го дефинираше јадрото на тимот. Неколку играчи добија целосна минутажа, статус на лидери и јасна доверба од тренерот кој јавно ги означи како темел на проектот.
Таа јасна хиерархија сега првпат доаѓа под сериозен тест. Густата минутажа, исцрпувачкиот ритам и низата натпревари без одмор оставија траги, а пред гостувањето во Валенсија, Арбеола повеќе нема луксуз да се потпира на сите свои “сигурни карти”.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Поради тоа, Реал Мадрид ќе изгледа различно во недела – не само во кадровска смисла, туку и во распоредот на силите на теренот. Тренерот веќе започна со внатрешни приспособувања, свесен дека мора да реагира за да го задржи континуитетот на резултатите.
Дури непосредно пред патувањето во Местала стана јасно дека Арбеола останува без двајца од своите недопирливи.
Џуд Белингам отпаѓа поради повреда што ќе го оддалечи од терените речиси еден месец, додека Винициус Жуниор мора да паузира поради суспензија по жолт картон во претходното коло.
Отсуството на овие двајца автоматски отвора низ тактички дилеми. Особено затоа што станува збор за играчи кои играа сѐ, ја носеа играта и често решаваа натпревари во моменти кога Реал не блескаше.
Ситуацијата дополнително се комплицира со проблеми во задната линија. Арбеола со посебно внимание ја дозира минутажата на Раул Асенсио, кој веќе подолго време игра со болки во потколеницата. Младиот дефанзивец во последното коло мораше да го напушти теренот уште на полувреме затоа што не можеше повеќе да издржи.