Дома Фудбал Револуција што со години не е видена на Етихадот

Револуција што со години не е видена на Етихадот

Манчестер Сити влегува во вториот дел од актуелната сезона со чувство дека едно големо поглавје е при крај. Без разлика дали Пеп Гвардиола ќе остане на клупата или ќе одлучи да го затвори својот значаен циклус на Етихадот, во клубот веќе е јасно – претстои лето на сериозна реконструкција.

Окосницата на тимот останува нетакната, но дел од искусните имиња, кои ја одбележаа најуспешната ера во историјата на клубот, се подготвени за заминување. Промените нема да бидат површни, туку стратешки, со поглед неколку години напред.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Посебно одекнува информацијата дека Џон Стоунс и Бернардо Силва се подготвени да го напуштат клубот како слободни играчи. Двајца фудбалери кои беа важен дел од Гвардиолиниот Сити. Заминување без обештетување би било емотивно, но и јасен сигнал дека Сити влегува во нова фаза.

Во рамките на револуцијата треба да си оди и искусниот хрватски репрезентативец Матео Ковачиќ. Не така одамна се чинеше дека е недопирлив, но сега е и тој на “црната листа”.

Според извори, клубот е отворен за понуди за Матео Ковачиќ и Натан Акé. Иако и двајцата дадоа важен придонес во ротацијата и големите натпревари, во Сити се свесни дека е потребна свежа енергија и нова динамика, особено во средниот ред и одбраната.

Особено внимание е насочено и кон Мануел Аканџи. Манчестер Сити чека конкретен потег од Интер, кој покажа сериозен интерес да го доведе швајцарскиот репрезентативец на трајна основа. Ако трансферот се реализира, тоа би бил уште еден знак дека е во тек сериозна реконструкција на одбраната.

Неизвесна е и судбината на Савињо, еден од најинтересните млади проекти на клубот. Неговата иднина сè уште не е дефинирана, а конечната одлука ќе зависи од планот на новиот или стариот тренер, но и од понудите кои би можеле да стигнат во текот на летото.

Важно е да се нагласи дека остатокот од тимот засега останува нетакнат. Клучните носители на играта и натаму се гледаат како темел на тимот што мора да остане конкурентен на сите фронтови.

Паралелно со заминувањата, се очекуваат и нови засилувања, внимателно избрани, во согласност со долгорочната визија на клубот. Фокусот ќе биде на играчи кои можат веднаш да одговорат на највисоките барања, но и да растат заедно со проектот кој влегува во нова ера.

Без разлика дали Гвардиола ќе остане или ќе замине, пораката од Етихадот е јасна: Манчестер Сити не се плаши од промени. Клубот сака да остане на врвот, но е свесен дека доминацијата бара храбри одлуки во вистинскиот момент.

Сè погласно се зборува за заминувањето на Гвардиола на крајот од сезоната и сè намирисува на огромна револуција на Етихадот, иако со години наназад внимателно правеше промени и не дозволуваше да се случи голема промена во еден преоден период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вo Арсенал се обиделе да ангажираат играч од Баерн Минхен на крајот од јануари

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал, направил изненадувачки потег и се обидел да го привлеч…