
Времето „лета“ и тоа ни го докажува и Кај Руни, шеснаесетгодишниот син на најголемата легенда на Манчестер Јунајтед во последните децении, Вејн Руни, затоа што е на чекор до големата сцена.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кај Руни е еден од најголемите таленти на Манчестер Јунајтед, а наскоро ќе го гледаме на големата сцена. Му е понуден нов договор на Олд Трафорд откако во последните години ги импресионираше сите во славниот англиски клуб.
Според вестите од Англија, Манчестер Јунајтед му понуди на Кај договор вреден 50.000 фунти годишно, односно блиску до 60.000 евра, што за тинејџер и младич кој игра во академијата, а не во сениорскиот фудбал, е навистина мега договор и максимална стипендија за неговата возраст.
Нов договор е понуден и на Џејси Карик, синот на Мајкл Карик, кој моментално е привремен менаџер на сениорскиот тим.
Младиот Руни би требало да го потпише новиот договор во текот на летото, кога ќе ги заврши обврските во средното училиште, а потоа во следната сезона да го чека и неговото деби во сениорскиот тим на Манчестер Јунајтед.