
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, соопшти германскиот шампион.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во соопштението не се наведуваат финансиските детали на договорот.
– Одушевен сум што ќе можам да играм за Бајерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу пријатно во Бајерн, изјави Гнабри.
Тој пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер. За клубот од Минхен одигра 311 натпревари и постигна 100 голови, а со Баерн освои 15 трофеи.
За репрезентацијата на Германија има настапено на 57 натпревари и 25 пати се запишал во листата на стрелци.