Дома Фудбал Еве како е казнет навивачот кој фрли банана кон Винисиус

Еве како е казнет навивачот кој фрли банана кон Винисиус

Навивачот кој фрли банана на Винисиус Јуниор за време на натпреварот во Купот на кралот помеѓу Албасете и Реал Мадрид се соочува со предлог казна од 5.000 евра и едногодишна забрана за пристап до спортските арени. Предлогот го изнесе Државната комисија за борба против насилство, расизам, ксенофобија и нетолеранција во спортот, која го оцени расистичкиот испад како тежок прекршок.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Инцидентот се случи на 14 јануари на стадионот Карлос Белмонте во Албасете за време на натпреварот од осмина финалето на Купот на кралот. Според извештајот на Националната полиција, надзорните камери јасно го регистрирале моментот кога предметот бил фрлен од трибината, што се совпадна со прославата на последниот гол на домашниот тим. Комисијата ова дело го квалификуваше како тежок прекршок според Законот за спречување на насилство, расизам, ксенофобија и нетолеранција во спортот.

Бразилецот Винисиус веќе повеќе пати бил мета на расистички напади на стадионите низ Шпанија, а во последно време му свиркаат и навивачите на Реал. Причината е што сè уште не го потпишал продолжувањето на договорот, но причина се и послабите настапи на него и тимот оваа сезона.

На сметката има шест гола и шест асистенции во 22 лигашки натпревари. Минатата сезона ја заврши со 11 гола и 10 асистенции во 30 првенствени натпревари, односно со 22 погодоци и 19 додавања за голови на соиграчите во 58 излегувања на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал подготвен да го жртвува капитенот за три силни причини! Дали замената е веќе позната?

Еден од капитените на Реал Мадрид, Федерико Валверде, навистина би можел да биде „жртвуван…