
Навивачите на Манчестер Сити изразија жестока критика кон напаѓачот Ерлинг Халанд, откако тимот на Пеп Гвардиола со убедлива победа над Њукасл ја обезбеди финалето на Карабао купот, при што норвешката ѕвезда не успеа да се истакне со голови. Со предност од 2:0 од првиот натпревар, Сити во реваншот славеше со 3:0 благодарение на двата гола на Омар Мармуш и еден на Тијани Рејндерс, што го обезбеди својот пат кон финалето против Арсенал.
Навивачите: Подобри сме без Халанд
Фановите брзо реагираа на социјалните мрежи, тврдејќи дека Сити е подобар тим без својот водечки стрелец.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Навивачот на Сити @bestinthelandc напиша на X: „Нашиот пресинг е подобар без Халанд. Голем проблем.“ Друг фан, @omoselye0x, додаде: „Јасно се гледа колку подобро играме помеѓу линиите без тој норвешкиот магарец. Халанд, ќе платиш за твоите злодела.“
@YonkoToni рече: „Искрено, не знам веќе како да се чувствувам околу Халанд. Го сакам типот, но чувствувам дека многу подобро играме без него.“ @Destiny247247 напиша: „Пофлексибилни сме кога некој друг како напаѓач игра наместо Халанд… тоа се основите на фудбалот, играјќи без класична ‘деветка’. Плус, тоа се натпревари каде што Мармуш може повеќе да се искаже.“
@pepstrickyblues: „Халанд, ако си уверен дека можеш да постигнеш 40 голови против послабите тимови и сакаш плата од 100 милиони годишно некаде на друго место, слободно!“