Дома Фудбал Манчестер Сити договори пресметка против Арсенал на финалето

Манчестер Сити договори пресметка против Арсенал на финалето

Манчестер Сити го освои убедливо и реваншот против Њукасл од полуфиналето за “Карабао Купот”.

Иако играа без дел од ѕвездите во овој меч, “граѓаните” повторно беа убедливо подобриот тим и победија со 3:1 на својот “Етихад”. Тие го добија и првиот меч со 2:0, па со вкупен резултат од 5:1 одат на финале против Арсенал на “Вембли”.

Омар Мармуш ги постигна првите два гола во 7-та и 29-та минута, а третиот гол беше дело на Тијани Рајндерс во 32-та минута. За гостите се запиша Антони Еланга во 63-та минута. Овој пораз конечно ги стави крај на надежите на “свраките” да го одбранат трофејот од минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …