Дома Фудбал Епизодата на Салах во Ливерпул е пред самиот крај, веќе се најавува и каде ќе продолжи!

Епизодата на Салах во Ливерпул е пред самиот крај, веќе се најавува и каде ќе продолжи!

Иако Мохамед Салах се врати во стартниот состав на Ливерпул, изгледа дека неговата бајка на Енфилд доаѓа до крај. Англиските медиуми откриваат каде ќе продолжи кариерата на овој египетски фудбалер.

Салах веќе години наназад е најдоброто нешто што му се случило на Ливерпул, освојувајќи речиси сè што може со овој клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Црвените го донесоа Салах летото 2017 година од Рома за 42 милиони евра, а овој трансфер се покажа како еден од најдобрите во историјата на клубот.

Египетскиот репрезентативец веќе подолго време фасцинира со својата игра во дресот на клубот од Енфилд, но за жал, изгледа дека неговата приказна во црвениот дрес е на истекување.

Сè започна пред неколку месеци, кога Салах беше исклучен од првиот тим поради коментари за Арне Слот. Тогаш, тој не ја доби поддршката од клубот и навивачите која ја очекуваше, бидејќи тие застанаа зад тренерот.

Страстите стивнаа, а по завршувањето на Африканскиот куп на нации, Салах се врати во почетниот состав на Ливерпул и покажа на неколку претходни натпревари дека и понатаму е главната ѕвезда на овој англиски гигант.

Сепак, иако околината во Ливерпул се стабилизираше, очигледно е дека Салах во лето најверојатно ќе го напушти Енфилд и ќе ја продолжи кариерата надвор од Англија, па дури и Европа.

Во последно време се шпекулираше дека Салах би можел да се пресели во ПСЖ, но утринава англиските медиуми известуваат дека неговата следна дестинација најверојатно ќе биде Саудиска Арабија.

Клубовите од Саудиска Арабија веќе подолго време се обидуваат да го доведат Салах и подготвени се да му понудат сè што посакува за да го привлечат во нивната земја.

По сè што се случи на Енфилд, се чини дека Салах одлучил на лето да замине и на богатството што му го нудат од Саудиска Арабија веќе не може да му одолее.

Од објавите на англискиот новинар Дејвид Орнштајн дознаваме дека Ал Итихад има вистински интерес за Салах и дека ја подобриле понудата од изминатото лето, со цел да го доведат како ново засилување откако неочекувано ги изгубија Карим Бензема и Н’Голо Канте.

Бензема и Канте го напуштија Ал Итихад на почетокот од неделата, што претставуваше значителен удар за клубот, но со доаѓањето на Салах, веруваат дека би добиле нова ѕвезда и значително засилување кое им е потребно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нјулс Олд Бојс: Работиме на враќањето на Лео Меси

Њулс Олд Бојс – клубот во кој Лионел Меси ги направи првите чекори во фудбалот, рабо…