Дома Фудбал Натпревар во Словенија се играше пред речиси празни трибини: Избројав 77 луѓе…(Видео)

Натпревар во Словенија се играше пред речиси празни трибини: Избројав 77 луѓе…(Видео)

Натпреварот од 20-то коло на словенечкото првенство што се одигра на стадионот Стожице помеѓу Браво и Мура го следеа само 77 присутни гледачи. Најголемиот стадион во Словенија, кој има капацитет од околу 16.000 седишта, беше речиси празен, а коментаторот Горан Обрез, кој натпреварот го пренесуваше за словенечкиот Спорт Клуб, се потруди да ги преброи гледачите и им ја соопшти точната бројка на публиката.

Натпреварите на Браво, кој поради реновирање на ЖАК игра на Стожиците, генерално се помалку посетени, а и силниот дожд што во текот на целиот ден го натопуваше главниот град на Словенија дополнително ја намали посетеноста. Интересно е што во официјалниот извештај на Фудбалскиот сојуз на Словенија било наведено дека натпреварот го следеле 250 луѓе, што е повеќе од тројно од бројката која ја објави коментаторот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Изгледа дека се уште помалку, но ги има 77, ако ги бројам и тие што стојат зад”, продолжи тој со коментари за натпреварот што заврши со победа на Мура со резултат 2:0. Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездите на Реал Мадрид веќе изгубиле доверба во Арбелоа: Не е тој за оваа работа!

Атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид е далеку од идеална, а последните случувања у…