Дома Фудбал Македонски талент потпиша за Динамо Загреб!

Македонски талент потпиша за Динамо Загреб!

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Александар Грашески, направи значаен чекор во својата кариера откако го потпиша првиот договор со хрватскиот гигант Динамо Загреб.

Талентираниот 17-годишен офанзивец летово се приклучи на јуниорскиот погон на „модрите“, а со добрите партии брзо ја оправда укажаната шанса и заслужи стипендиски договор со клубот од „Максимир“. Грашески настапува за селекцијата на Динамо до 19 години во јуниорската лига, а потписот е јасен сигнал дека клубот сериозно смета на неговиот развој во наредниот период.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Фудбалските почетоци ги имаше во Вардар, по што беше дел и од Њу Старс. Во февруари минатата година се пресели во Хрватска, каде настапуваше за Максимир и таму доби можност да игра и сениорски фудбал во Третата лига. Тие настапи не останаа незабележани, па во август следуваше трансферот во Динамо Загреб.

Грашески зад себе има богато репрезентативно искуство во младинските селекции на Македонија. Играше за У15, У16 и У17 репрезентациите, со повеќе од 30 настапи, а моментално е дел од У18 националниот тим предводен од Димитар Капинковски, каде важи и за еден од капитените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шефот на Баер го критикуваше Реал Мадрид и откри дали Алонсо се враќа во Германија

Чаби Алонсо беше само неколку месеци на позицијата главен тренер на Реал Мадрид. Извршниот…