
Чаби Алонсо беше само неколку месеци на позицијата главен тренер на Реал Мадрид. Извршниот директор на Баер Леверкузен Фернандо Каро го критикува Кралскиот клуб – и ја исклучува можноста за брзо враќање на Алонсо во Леверкузен.
Поминаа околу три недели откако Чаби Алонсо беше отпуштен од Реал Мадрид, извршниот директор на Баер Леверкузен Фернандо Каро го нападна Кралскиот клуб критикувајќи ги постапките на Мадрид.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Очигледно мислеше дека Реал ќе му даде можност да започне нов проект. Тука можноста не ја доби воопшто. Жално”, изјави 61-годишниот функционер пред четвртфиналето од Купот на Германија меѓу Баер и Сент Паули (3:0).
„Алонсо добро се носи со отказот во Реал”, откри Каро и нагласи:
„Тој знае дека таму беше тешко во таа ситуација.”