Дома Фудбал Нови драми во Саудиска Арабија: Канте го следеше Роналдо и Бензема и одби да тренира

Нови драми во Саудиска Арабија: Канте го следеше Роналдо и Бензема и одби да тренира

Светскиот шампион Н’Голо Канте е најновиот познат фудбалер од саудиската лига кој е незадоволен од случувањата во неговиот клуб и одби да тренира со неговиот тим Ал-Итихад. Во последниве денови, фигури како Кристијано Роналдо и Карим Бензема исто така се разлутија и одбија да играат за нивните саудиски тимови, иако поради различни причини.

Според ексклузивната информација на новинарот Бен Џејкобс, во случајот со 34-годишниот Канте тој е многу незадоволен од пропаднатиот трансфер во Фенербахче и одби да се вклучи во тренажните активности на сегашниот тим. Французинот инсистира преминувањето кај Турците да се реализира.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Порано денеска истанбулскиот гигант во официјално соопштение објасни зошто не успеа да го привлече Канте, иако сè изгледаше договорено. Фенербахче директно го обвини Ал-Итихад дека не ја завршиле работата и не ги внеле потребните документи во специјалниот систем за трансфери.

Сегашниот клуб на Канте веќе се раздели со Карим Бензема, кој премина во Ал-Хилал, а истовремено не успеа да го привлече саканиот нов играч од средина Густаво Са од Фамаликао. Ал-Итихад веќе не може да купува нови играчи, бидејќи трансфер прозорецот во Саудиска Арабија веќе се затвори.

Фенербахче сепак сè уште има време да го финализира привлекувањето на Канте, бидејќи прозорецот во Турција се затвора за три дена – на 6 февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел повика 35 играчи, меѓу кои Магваер и Томори, но не и Александер-Арнолд

Селекторот на Англија Томас Тухел објави список од 35 фудбалери на кои ќе се потпира за пр…