Дома Фудбал Тежок удар за ѕвездата на Барселона: Со оптимизам го чека април, но веќе сите знаат што е одлучено во клубот

Тежок удар за ѕвездата на Барселона: Со оптимизам го чека април, но веќе сите знаат што е одлучено во клубот

Април ќе биде клучен кога станува збор за одлуката на Роберт Левандовски околу тоа каде ќе игра следната сезона, но изгледа дека и полскиот напаѓач веќе е свесен што го очекува.

Левандовски влезе во последните неколку месеци од договорот со Барселона, а иако ги извести раководителите на клубот за неговата желба да остане, тие сè уште не реагирале.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Полјакот пристигна во Барселона летото 2022 година од Баерн, што беше полн погодок бидејќи одигра неколку одлични сезони во дресот на каталонскиот клуб.

Сепак, не е тајна дека Барселона сака да го „подмлади” нападот следното лето и да доведе напаѓач на кој ќе може да смета во иднина, што не се најдобрите вести за Левандовски.

Веќе подолго време се шпекулира дека Жоан Лапорта и Деко веќе одлучиле дека Левандовски нема да остане, а сè треба да се потврди во наредните неколку месеци.

Во Барселона сега се фокусирани на претседателските избори кои се закажани средината на март, и потоа ќе се посветат на играчкиот кадар и летниот трансфер период.

Поради тоа ни Левандовски не брза со својата одлука иако има неколку понуди на маса. Тој се надева дека Барселона ќе се предомисли и ќе му даде нов договор, и ќе чека до последен момент.

Медиумите во Шпанија наведуваат дека април е клучен за Левандовски и тогаш тој ќе ја соопшти својата одлука, а иако тој сè уште се надева дека ќе остане во Барселона, се чини дека сè повеќе е свесен дека шансите за тоа се мали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бастони на чекор од трансфер, ги прифатил сите услови!

Стоперот на Интер, Алесандро Бастони, ги прифати сите услови што му ги понуди Барселона и …